Македонско-германските одбранбени односи се исклучително силни, истакнува министерот за одбрана Владо Мисајловски по денешната средба со новото одбранбено аташе на Германија, потполковникот Гвидо Алтендорф.
-Продолжуваме по тој пат и со новото одбранбено аташе на Германија, Алтендорф кому му посакав добредојде и му порачав дека Министерството за одбрана останува посветено на развојот на соработката со нашиот значаен сојузник. Изразувам благодарност до досегашното одбранбено аташе, потполковникот Ханс-Петер Вамслер, за непосредната соработка и за неговата значајна поддршка во развојот на билатералните односи. Ја цениме улогата на Германија како силен поддржувач на нашиот пат кон Европската Унија, истакнува Мисајловски.
Министерот посочува дека во време на сериозни геополитички поместувања и нестабилност на континентот, интеграцијата во Европската Унија претставува најдобар начин за гарантирање на безбедноста и стабилноста на целиот регион.
Министерот за одбрана претходно оставри средба со амбасадорката на Грција, Софија Филипиду, придружувана од досегашното одбранбено аташе, бригадниот генерал Константинос Самарас и новопоставеното аташе, полковникот Ставрос Манолис.