Шпанскиот фудбалер Лукас Васкез (34) е новото засилување на Баер Леверкузен, попладнево германскиот прволигаш.
Искусниот 34-годишен Васкез потпиша двегодишен договор со германскиот вицешампион.
Шпанецот пристигна во Леверкузен без обесштетување откако последните 10 години го носеше дресот на Реал Мадрид.
Васкез со Реал освои 20 трофеи, вклучувајќи пет титули во Лигата на шампиони и четири во шпанското првенство.