Македонија Националистичка реторика за спас на Ахмети

Талевска: ДУИ станаа партија на длабоко криминализирани олигарси, со националистичката реторика де факто го признаваат криминалот

Поголемиот дел од Албанците во Македонија сакаат промени, тие со споменикот во Сопот не добија подобар живот.

Талевска: ДУИ станаа партија на длабоко криминализирани олигарси, со националистичката реторика де факто го признаваат криминалот

Секогаш кога се зборува за криминалите на ДУИ, особено за раководните структури како Артан Груби, Али Ахмети, Бујар Османи имаме националистички изјави, што значи дека тие сакаат криминалот да го покријат со национализам, што де факто значи признавање на сите криминални дела кои ги имаат направено, изјави новинарката Ивона Талевска во утринската емисија на Алфа телевизија при што потенцираше дека повикување на национализам не е пракса во светот.

Талевска истакна дека ДУИ се повеќе ќе се повикуваат на националистички изјави за да го мобилизираат гласачкото тело, бидејќи според сите анкети ќе доживеат дебакл на парламентарни и избори затоа што, обединетата опозиција во албанскиот блок ќе има повеќе гласови.

Таа нагласи дека Ахмети ќе се обиде да се спаси со националистичка реторика.

– Тие со тие изјави се обидуваат да наметнат институционален и политички проблем. Османи ќе потроши 5 милиони евра за самит на ОБСЕ кој не би требало да чини повеќе од 3 милиони евра, цените кои ги предвидел се напумпани, парите ќе отидат кај финансиерот на ДУИ, Арбериа дизајн и исто со рент а кар компанијата, ако автомобил чини 200 евра, тој ја изнајмува за 500. Криминалот и корупцијата се заштитен знак за ДУИ. Али Ахмети од идејата за Голема Албанија заврши во Соравија и станаа олигарси, рече Талевска.

Талевска истакна дека поголемиот дел од Албанците во Македонија сакаат промени, тие со споменикот во Сопот не добија подобар живот.

– Напредокот во општеството не се добива со споменици на терористи. Замислете во САД да се изгради споменик на Ал Каеда или споменик на Хамас во Израел, изјави таа.

Во однос на националистичките пораки на навивачката група Шкупи, таа посочи дека навивачките групи се користат за политичките пораки на партиите, „Шкупи се под контрола на ДУИ и праќаат националистичка порака за да го покријат криминалот“.

– ДУИ станаа партија на олигарси, длабоко криминализирани кои го поделија општеството“, рече Талевска и додаде дека ДУИ како партија која е повеќе од 20 години на власт треба да сноси одговорност и за иселувањето каде поголем е бројот на иселување кај Албанците од Македонија отколку кај Македонците.

Најнови вести од Македонија

To top