Останати спортови Македонија и официјално за прв пат со свој учесник во Формула 4!

17-годишниот Стефан Тренески дебитираше во Формула 4 првенството во Централна Европа

Следниот натпревар, кој воедно е и последниот за оваа сезона во Формула 4 ЦЕЗ првенството, ќе се одржи на патеката на Брно во Република Чешка на 6 и 7 Септември.

17-годишниот Стефан Тренески дебитираше во Формула 4 првенството во Централна Европа

Овогодишниот победник на Формула 4 ЦЕЗ Академијата , 17 годишниот Стефан Тренески дебитираше на Формула 4 натпреварот кој се одржа во Словачка на познатата патека Словакијаринг од 22-24.08.2025 година како дел од Формула 4 првенството за 2025 година во тимот на Јаник моторспорт.

Фото: Стефан Тренески

„Беше тежок натпревар, конкуренцијата е силна. Се работи за врвни возачи со неколкугодишно искуство во овие натпревари, но тоа за мене не претставуваше препрека, туку напротив предизвик да се впуштам во борба за највисока позиција од самиот старт на натпреварот. Во една ситуација бев истуркан надвор од патеката од страна на еден натпреварувач, па затоа завршив на 13та позиција. Секако од овој мој прв Формула 4 натпревар продолжувам понатаму со многу повеќе знаење за болидот, начинот на кој се управува, начинот на комуникација со моите инженери од Јаник моторспорт. На следниот натпревар на Брно , во Република Чешка одиме многу поподготвени“ – изјави Стефан Тренески.

Фото: Стефан Тренески

Следниот натпревар, кој воедно е и последниот за оваа сезона во Формула 4 ЦЕЗ првенството, ќе се одржи на патеката на Брно во Република Чешка на 6 и 7 Септември.

To top