Израелската армија денеска нареди истрага за нападот врз болницата Насер во јужниот дел на Појасот газа, при што загинаа 19 луѓе, од кои четворица новинари.
– Израелската армија денеска изврши напад во околината на болницата Насер во Кан Јунис. Началникот на ГШ нареди да се спроведе прелиминарна истрага што е можно побрзо, се наведува во соопштението на израелската армија.
Исто така се посочува дека армијата „жали поради секоја штета нанесена врз поединци кои не се вмешани“, како и дека цел на нападите не биле новинарите.
Во нападот врз болницата во Кан Јунис загинаа новинари и медиумски работници на катарската телевизиска мрежа Ал Џазира и на новинските агенции Ројтерс и Асошиејтед прес.