Свет

ВЕТЕР ДО 133 КМ/Ч: Тајфунот Каџики го погоди Виетнам

ВЕТЕР ДО 133 КМ/Ч: Тајфунот Каџики го погоди Виетнам

Тајфунот Каџики денеска го погоди северно-централниот брег на Виетнам поради што се евакуирани околу 30.000 луѓе.

Каџики утрово го погоди брегот на провинциите Нге Ан и Ха Тин, соборувајќи дрвја, поплавувајќи ги домовите и патиштата и уништувајќи ги рибарските фарми. Во Ха Тин во прекин е напојувањето со електрична енергија.

Поради невремето затворени се аеродромите во провинциите Тан Хоа и Кванг Бин.

Ветерот достигна брзина од 118 до 133 километри на час, што предизвика високи бранови до двa метра.

Тајфунот вчера го погоди јужниот брег на кинескиот остров Хајнан.

To top