Новак Ѓоковиќ со стил го отвори својот настап на последниот грен слем во сезоната – УС Опен во Њујорк каде го започна походот кон својот петти трофеј во Њујорк и вкупно 25-ти на грен слем турнирите.
Во првото коло Ѓоковиќ се сретна со 19-годишниот американски тенисер Лернер Тијен, кој важи за голем талент и иднина на американскиот тенис.
Сепак, искуството и квалитетот на Ѓоковиќ дојдоа до целосен израз. Српскиот шампион славеше со 3:0 во сетови – 6-1, 7-6 и 6-2 – обезбедувајќи си сигурен пласман во следната рунда.