На 02.01.2024 во 05.00 часот Полициската станица Берово било пријавено дека на регионалниот пат Берово – Делчево на место викано „Смојмирско поле“, атар на с.Смојмирово, патничко моторно возило „голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ф.М.(24) од Берово, излетало надвор од коловозот, информира МВР.
Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Берово.