Македонија Саем-Отчет

Цветковски: Лозово набави најсовремена опрема за училиштето

Градоначалникот на општина Лозово Цветковски истакна дека е многу направено во делот на образованието, со најдобра опрема, смарт табла во одделенска настава, интерактивни панели, лаптоп за секој наставник и таблети за секое дете до петто одделение

Цветковски: Лозово набави најсовремена опрема за училиштето

На денешниот Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“, се обрати градоначалникот на општина Лозово, Бошко Цветковски кој наведе позначајни проекти кои се реализирани во општината.

Градоначалникот на општина Лозово Цветковски истакна дека е многу направено во делот на образованието, со најдобра опрема, смарт табла во одделенска настава, интерактивни панели, лаптоп за секој наставник и таблети за секое дете до петто одделение.

„Пристапивме кон решавање на проблемите, нашето општинско основно училиште во моментот е најдобро опремено како во централниот така и во источниот дел на Р. Македонија, имаме направено осовременување на наставниот процес и секоја училница има смарт табла во одделенска настава додека во предметна настава имаме интерактивни панели во сите кабинети, за секој наставник е обезбедено лаптоп, за секое дете до петто одделение обезбедуваме и таблети. Изградивме најсовремена библиотека со читална, за прв пат доделуваме ваучери на најдобри наставници и најдобар ученик и слично. Бесплатен оброк“, вели Цветковски.

Најнови вести од Македонија

To top