Вечерва се одржа Франкофонска вечер во парк „Македонија“ во Кисела Вода.
-Под отворено небо уживаме во франкофонскиот филм и магијата на летните културни вечери. Секој филм е патување низ различни светови, култури и емоции, понуда на нови перспективи и храна за нашата имагинација. Навистина уживавме, истакна пратеничката Бети Стаменоска Трајкоска.