Кошарка КФМ

Македонските кошаркарки поразени од Бугарија на кадетското ЕП

Македонските кошаркарки беа во негатива на полувремето (40-29), а предноста на Бугарија достигна највисоки плус 19 во финишот на третата четвртина.

Македонските кошаркарки поразени од Бугарија на кадетското ЕП

Македонската женска кошаркарска репрезентација до 16 години го претрпе вториот пораз на Европското првенство во Б дивизијата, откако денеска во Истанбул загуби од Бугарија со 80:62 во рамки на групата Д.

Македонските кошаркарки беа во негатива на полувремето (40-29), а предноста на Бугарија достигна највисоки плус 19 во финишот на третата четвртина.

Со серија од 14-1, македонскиот состав се доближи на негативата од само шест поени (54-60) во последната четвртина, но не успеа во финишот да дојде до резултатски пресврт.

Во првото коло, македонската репрезентација загуби од Грција, а шанса за прв триумф на турнирот ќе има в недела против Литванија. (МИА)

To top