Република отчет

Митко Јанчев го презентираше отчетот за четиригодишниот мандат

Презентиран отчетот за четиригодишниот мандат

Митко Јанчев го презентираше отчетот за четиригодишниот мандат

Презентиран отчетот за четиригодишниот мандат

Интегрален текст од Фејсбук статус на градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев

Кавадарци денес не е само град – тоа е наша заедничка приказна за успех, резултат на посветеност, работа и визија. Заедно создадовме ново, современо, европско Кавадарци – град кој дише со полни гради, град кој чекори самоуверено напред и секојдневно ја потврдува својата трансформација. Заедно со јавните претпријатија, локалната самоуправа, институциите, бизнис-секторот, и пред сè со вас – граѓаните, создадовме функционален систем кој денес работи беспрекорно. Токму оваа синергија е најголемата сила на Кавадарци. Денес, Кавадарци е урбан, зелен, модерен и инфраструктурно уреден град: со нови улици, спортски објекти, училишта, културни простори, со безбедна и чиста животна средина и услови достојни за највисоки европски стандарди. Град кој ги задржува младите, ги охрабрува спортските таленти, ги отвора вратите за културни настани и привлекува инвестиции.

Со нови паркови, велосипедски и пешачки патеки, еколошки проекти за заштита на водата и воздухот, модернизирано улично осветлување и поширока употреба на обновливи извори на енергија, Кавадарци стана пример како може да се гради зелена и здрава иднина. Со изградени и реконструирани спортски сали, со нов базен и спортски центри, младите добија услови достојни за тренинг, развој и успеси. Со нови градинки, училишни програми и бесплатен оброк за секое дете, инвестиравме во најважното – во нашата иднина.

Оваа книга насловена Отчет за четиригодишното работење на локалната самоуправа и Советот на Општина Кавадарци. Уредена е внимателно, и опфатени се сите проекти на кои се работеше во изминатите години. Оваа книга ќе биде дистрибуирана во наредните денови до вас драги кавадарчани.

Онаму каде што некогаш имаше дупки, денес има асфалтирани улици. Онаму каде што имаше мрак, денес има осветлени булевари. Онаму каде што имаше импровизација, денес има јасен систем, ред и транспарентност. И не станува збор само за механизација, инфраструктура и возила. Станува збор за довербата што ја вративме кај граѓаните, за тоа што јавните претпријатија одново станаа сервис во вистинска смисла на зборот, услуга што се чувствува секојдневно, на улица, во секој дом.

Кавадарци денес не само што чекори, туку трча во чекор со современите европски стандарди. Овие резултати не се само бројки и извештаи, тие се инвестиција во достоинствен, уреден и сигурен живот за секој наш сограѓанин. Тоа е доказ дека кога визијата ќе се претвори во работа, градот расте, граѓаните добиваат иднина каква што заслужуваат, а Кавадарци станува пример како се гради локална самоуправа во служба на народот.

Голема благодарност до Советот на Општина Кавадарци, до компаниите кои ни даваа поддршка, до секој службеник и партнер, и најмногу до вас, драги сограѓани.

Голема благодарност до директорите на јавните институции за посветеното работење , до раководителите во локалната самоуправа како и до сите вработени за неуморното посветено работење. Вашата доверба, вашите идеи и вашата критика беа движечка сила за секој нов проект.

Кавадарци расте. Кавадарци напредува. Кавадарци заслужува уште повеќе.

За Кавадарци! Секогаш на прво место.

To top