Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска изјави дека ги одобрил плановите на армијата за „поразување на Хамас во Газа“, додека припадниците на ИДФ се подготвуваат да влезе во градот Газа во нова офанзива.
„Портите на пеколот наскоро ќе се отворат за убијците и силувачите на Хамас во Газа, сè додека не се согласат со условите на Израел за завршување на војната, првенствено ослободување на сите заложници и нивно разоружување“, рече Кац, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Кац рече дека ако палестинското милитантно движење Хамас не се предаде, Газа ќе „стане Рафа и Бејт Ханун“, два града кои во најголем дел беа претворени во урнатини во израелското бомбардирање.