Карло Анчелоти стави крај на шпекулациите за неговата иднина со тоа што го продолжи договорот со Реал Мадрид.
Претходно долго време се шпекулираше дека ќе биде селектор на Бразил, а во еден момент голем дел од бразилските медиуми пишуваа дека двете страни веќе се договориле.
Но, откако Анчелоти го продолжи договорот со Реал, јасно беше дека нема ништо од неговата селекторска работа во Бразил, иако Италијанецот призна дека бил во преговори за преземање на клупата.
„Цел свет знае дека преговарав со Бразил. Горд сум на информацијата дека сакаа јас да ја водам селекцијата на Барзил. Но, факт е дека ги држев на „стендбај“ затоа што чекав Реал Мадрид да ми понуди продолжување на договорот. Им благодарам на разбирањето затоа што ја прифатив понудата на Реал. Горд сум и на интересот од Бразил, но и од фактот што Реал Мадрид сакаше да потпишам нова соработка пред истекот на мојот договор“, рече Анчелоти