Најмалку 14 лица, меѓу нив и едно семејство со три деца, се повредени при ноќен руски напад врз североисточната украинска Сумска област, соопшти украинската премиерка Јулија Свириденко.
„Русија и понатаму ги шири своите стравови преку акти на чист тероризам низ цела Украина, повторно насочувајќи се кон домовите на семејствата и нивните заспани деца“, напиша Свириденко на социјалната мрежа Икс.