Кошарка СП 2027

Македонските кошаркари против Унгарија ги завршуваат претквалификациите за СП 2027

Македонската кошаркарска репрезентација вечер ја пречекува Унгарија во последниот свој настап од претквалификациите за Светското првенство 2025.

Селекторот Марјан Илиевски им дава поддршка на своите избраници и покрај трите порази во исто толку натпревари досега во овој циклус.

– Мечот кој ни е последен со Унгарија не ни значи резултатски ниту на нас, ниту на нив, но ние од самиот почеток кажавме дека секој дуел кој ќе го имаме, па дури и оној на тренинг меѓу двете петорки, ќе биде од големо значење за сите, па така на секој меч гледаме го извадиме нашиот максимум. Па дај Боже и да победиме. На хартија сме далеку понеквалитетна екипа од Унгарија, во однос на искуство и на заеднички години, но ќе се бориме. За екипата на Унгарија, таа е најискусна екипа и игра најдобра кошарка. Кај нив тие погодија се, ние имавме лош шут за три поени и вкупно реализација. Задоволен сум, без никакво правдање на нештата. Ќе стојам зад овие играчи, се додека го даваат максимумот и го почитуваат стручниот штаб, ќе ја имаат мојата поддршка, изјави Илиевски.

Натпреварот ќе се игра во СРЦ „Кале“ во Скопје со почеток во 19 часот.

To top