Хроника ОВР Ресен

Детали за ужасната сообраќајна несреќа во Македонија, познат идентитетот на загинатите

Возачот П.Н. и неговиот сопатник Д.С.(19) од с.Лескоец, охридско, биле пренесени во Клиничката болница Битола, каде што кај П.Н. лекар констатирал смрт, додека кај Д.С. биле констатирани тешки телесни повреди.

Детали за ужасната сообраќајна несреќа во Македонија, познат идентитетот на загинатите

На 18.08.2025 околу 12:50 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на магистралниот пат Ресен-Битола, на место викано „Слечиште“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел астра“ со охридски регистарски ознаки, управувано од П.Н.(20) од Охрид и патничко возило „мерцедес“ со германски национални ознаки, управувано од П.К.(52) од Сојузна Република Германија.

Од здобиените повреди, на местото на настанот починал возачот П.К., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Возачот П.Н. и неговиот сопатник Д.С.(19) од с.Лескоец, охридско, биле пренесени во Клиничката болница Битола, каде што кај П.Н. лекар констатирал смрт, додека кај Д.С. биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Ресен.

Најнови вести од Хроника

To top