Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски денес го презентира новиот еДМС – Национален електронски систем за управување со документи.
Тој истакна дека започнува процес на целосен редизајн и модернизација на Националниот електронски систем за управување со документи (еДМС), со цел воспоставување на стабилен, безбеден и целосно интегриран систем за граѓаните и институциите.
Затекнавме состојба на прескапо платен дисфункционален систем, оставен цели 2.5 години без техничка поддршка, без воспоставени стандарди за сајбер-безбедност и постојани прекини и падови. Новиот, редизајнираниран еДМС претставува систем кој конечно ќе работи за граѓаните и институциите, истакна Андоновски.

Преземени активности:
Првпат спроведен целосен penetration test за идентификација и отстранување на критичните безбедносни слабости.
Изработен план за елиминирање на ризиците и техничките пречки.
Започната подготовка за развој на нови функционалности и рекомпонирање на институциите кои го користат системот.
Планирани мерки и новини:
Граѓаните да можат во реално време да го следат статусот на своите предмети.
Целосна електронска обработка на процесите, со автоматизирано создавање документи (решенија, известувања, сертификати) со електронски потпис и печат.
Интеграција со ERP систем за автоматска размена на податоци.
Двофакторска автентификација за зголемена сигурност.
Целосно исклучување на хартијата во работењето на Министерството за дигитална трансформација (како пилот министерство) од 1 октомври.
Проширување на опфатот со нови институции – министерства, агенции и јавни претпријатија. Во процес на вклучување на 5 нови институции.
Очекувани придобивки:
За граѓаните: побрза и поефикасна администрација, транспарентност, онлајн пристап и намалена бирократија.
За институциите: интегрирана платформа, намалување на грешки и оптимизација на ресурси.
За државата: усогласеност со европските стандарди и создавање на темел за вистинска дигитална трансформација.
еДМС е темелот – „водоводот“ на дигиталната администрација, потенцира министерот и додаде дека овој систем подразбира електронска подготовка на документи, потпишување, испраќање и примање документи и нивно разгледување – комплетно електронски.
Неговата функционалност е клучна за ефикасна, транспарентна и безбедна јавна управа, дополни Андоновски.
Редизајн на Националниот електронски систем за управување со документи – еДМС 🎉
⚠️Затекнавме состојба на прескапо…
Posted by Стефан Андоновски on Tuesday, August 19, 2025