Македонија говор

„Она што не прави различни е нашата љубов кон татковината, за која работиме со СРЦЕ и ДУША“

Да не ги заборавиме и инвестициите во инфраструктурни проекти, како што се реконструкција, реновирање и градежно уредување на многу објекти во повеќе касарни, рече во вчерашниот говор по повод Денот на армијата министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

„Она што не прави различни е нашата љубов кон татковината, за која работиме со СРЦЕ и ДУША“

Да не ги заборавиме и инвестициите во инфраструктурни проекти, како што се реконструкција, реновирање и градежно уредување на многу објекти во повеќе касарни, рече во вчерашниот говор по повод Денот на армијата министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

Вредно е за споменување е дека во Министерството функционира и единствениот НАТО – акредитиран центар во нашата држава – Регионален центар за односи со јавноста кој е уникатен во сојузничката мрежа на центри за обука по тоа што е единствениот кој е целосно посветен на развој на оваа значајна област. Развојот го гледаме и во нашиот човечки капацитет. Во финална фаза е и приемот на 300 нови професионални војници. Особено ми е драго што денеска со нас се нашите нови лидери, дваесет и шест нови потпоручници кои по четири годишно школување на Воената академија, веќе го започнаа својот пат во редовите на Армијата како офицери. Тие се нашата иднина! Со нас се и дел од новите 149 подофицери кои се одзваа на повикот и кои ќе го зацврстат суштинскиот сегмент на Армијата, подофицерскиот кор. На сите вам, нови офицери и подофицери ви честитам на успехот и ви порачувам да продолжите со висока мотивација и труд го одржите високото ниво на доверба кај нашите сограѓани. Грижата за нашиот човечки капацитет е основата на секоја добро организирана Армија. Минатата година ги нагласив проблемите кои не затекнаа во однос на финансиските обврски кон вработените и тога ветив дека ќе сторам се, оваа неправда да не се повтори. Денеска можам да кажам дека овој проблем е надминат и се исплаќа навремено. Така продолжуваме и понатака затоа што секој наш вработен мора да е мотивиран и неговиот односно нејзиниот труд да биде соодветно валоризиран. Со гордост ќе кажам – македонската одбрана инвестира во развојот, се опремува и модернизира, и многу важно –се подмладува и пополнува. Тоа е гарант дека нашата сила и способност да бидеме темел на државата денес, ќе биде реалност и во иднина. Дел од овие успеси кои ги набројав се дело на нашата макотрпна работа и нашата силна посветеност кон вооружените сили. Се соочивме и ќе продолжуваме да се соочуваме со бројни предизвици. Но, она што нè прави различни е нашата љубов кон татковината за која работиме со срце и со душа. А, кога работите така, наоѓате решение за секој предизвик, истакна Мисајловски.

Затоа и во следните 365 дена, до следниот армиски празник ќе продолжиме посветено и напорно да достигнуваме нови резултати, нови успеси. Затоа што се работи за татковината и нејзината самобитност, порача министерот Мисајловски.

Најнови вести од Македонија

To top