Познатиот новинар и колумнист кој важи за близок до СДСМ, Бранко Тричковски, повторно предизвика жестоки реакции со своја објава на „Фејсбук“, во која македонскиот народ го помножи со нула, притоа нарекувајќи го „г*но“.
Во неа тој со навредлив тон зборува за македонскиот национален идентитет, тврдејќи дека „Македонецот по националност е ништо. Можеби говно, ако има таква нација“.
Тричковски во својата објава наведува дека во секој Македонец „постои Бугарин кој чека да излезе“, а „Србинот му е аутифт“, додавајќи дека Македонецот „не постои како суштина, душа, внатрешност“.
Овој негов статус во јавноста и кај граѓаните веднаш предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи.
Ова не е првпат Тричковски да предизвика скандал со ваквите негови објави. Неговите колумни и статуси редовно се карактеризираат со сарказам и груб јазик, но овој пат, тој го премина прагот на пристојноста.