Република ЈП Национални шуми

Пожарот помеѓу Богомила и Согле е локализиран

Со брза интервенција на сите присутни, пожарот помеѓу Богомила и Согле е локализиран во вечерните часови, потенцираа од претпријатието.

Пожарот помеѓу Богомила и Согле е локализиран

ЈП Национални шуми информираа дека на ден 17 август 2025 година, е пријавен шумски пожар околу 14.00 часот од вработени од подружница Бабуна од Велес кои биле во редовна контрола, во Шумско стопанската единица Биса, помеѓу селата Богомила и Согле.

На терен веднаш е излезена екипа од подружницата Бабуна од Велес, но освен нив, во гаснењето на пожарот учествувало и локалното население од околните населени места, како и екипа од ТППЕ од Велес. Најголем непријател во гаснењето бил ветерот кој го отежнувал гаснењето на пожарот во ниско стеблена дабова и габерова шума.

На ден 17 август 2025 година, е пријавен шумски пожар околу 14.00 часот од вработени од подружница Бабуна од Велес кои…

Posted by ЈП Национални шуми on Monday, August 18, 2025

Со брза интервенција на сите присутни, пожарот помеѓу Богомила и Согле е локализиран во вечерните часови, потенцираа од ЈП за стопанисување со шуми во државна сопственост.

To top