Македонија 365 дена мизерија за народот

ВМРО-ДПМНЕ: 600.000 граѓани живеат на работ на сиромаштија, а 1 милијарда денари одат во џебовите на Ковачевски и министрите на СДС и ДУИ за повисоки плати

ВМРО-ДПМНЕ: 600.000 граѓани живеат на работ на сиромаштија, а 1 милијарда денари одат во џебовите на Ковачевски и министрите на СДС и ДУИ за повисоки плати

365 дена порази, понижувања, беда и сиромаштија донесе владата на СДС и ДУИ за граѓаните на Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека мизерија за народот имало 365 дена, 365 дена скандали, криминал и корупација, 365 дена богатење и привилегии за функционерите на владата на СДС и ДУИ.

-И додека 600.000 наши сограѓани живеат на работ на сиромаштијата, власта на СДС и ДУИ си ги зголеми платите за дури 78 проценти. 80 милиони денари месечно или скоро 1 милијарда денари годишно од државниот буџет ќе одат во џебовите на владините функционери за повисоки плати. Стево Пендаровски од 92.000 денари плата, сега со покачувањето од 78 проценти, месечно зема 165.000 денари или над 2.500 евра.Талат Џафери и Димитар Ковачевски со покачување на платите земаат 50 евра повеќе за секој работен ден, односно Џафери зема плата од над 166.000 денари, додека Ковачевски над 156.000 денари., се вели во соопштението на партијата.

Повисоки плати од 78 проценти зема и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски од над 153.000 денари, односно ако се додадат и они дополнителни 20 проценти за извршување на функцијата, неговата плата е речиси иста како и на Ковачевски.

-И додека граѓаните мака мачат да се прехранат од први до први, од 2.000 до 2.500 евра изнесуваат и платите на останатите владини функционери на СДС и ДУИ. Вицепремиерите Славица Грковска, Фатмир Битиќи, Артан Груби, Бојан Маричиќ и министерката за одбрана Славјанка Петровска во џебовите ќе си ставаат од 40 до 50 евра повеќе за секој работен ден. Платите на Ковачевски, Пендаровски, Џафери, Спасовски, Груби, Османи, Маричиќ, Грковска, Петровска и останатите министри во владата на СДС и ДУИ согласно законот за раст на просечна плата ќе пораснат за дополнителни 400 евра оваа 2024 година. И додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај, едвај преживуваат со енормно зголемените трошоци за живот, Ковачевски и неговите министри од СДС и ДУИ земаат 78 проценти повисоки плати или над 2.500 евра месечно. 365 дена е се полошо и полошо со СДС и ДУИ. 365 дена СДС и ДУИ носат само порази за граѓаните. Во Македонија со СДС и ДУИ никогаш не било полошо, затоа важно е да ги поразиме, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

To top