Шампионот во автомобилизам во ридско-брзински трки, Игор Стефановски Иџе викендов учествуваше на трки во Швајцарија.
Македонецот не освои место на подиумот, но со полно срце.
-Освоено 4-то место во генерален пласман од сите возила на оваа трка во Швајцарија. Немаме подиум но за мене најголемата победа е ова чувство – да имам ваква поддршка од моите Македонци. Срцето ми е полно, горд сум и благодарен што сте покрај мене, на патеката и надвор од неа. Оваа трка е за сите вас што верувате во мене, што дојдовте да ме бодрите и за оние кои не се на оваа слика, но беа дел од оваа приказна, објави Иџе на социјалните мрежи.