Македонија

Стаменкоска Трајкоска: Жените во политиката под поголема лупа, но успешни проекти покажуваат дека компетентноста нема пол

Жените на јавни функции мораат да се докажуваат повеќе. Често сме под поголема лупа — не само за нашата работа, туку и за изгледот, тонот на глас, па дури и за тоа како се облекуваме, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бети Стаменкоска Трајкоска.

Но, тоа истовремено ни дава и дополнителна мотивација да покажеме дека компетентноста, одговорноста и посветеноста немаат пол.

Резултатот од сработеното е мотивот.

Сега е поинаку, гледаме реализација на ветени проекти од централно ниво, но и од локално ниво во мојата општина Кисела Вода.
Каде и да одиме, секогаш е најубаво дома.

Мојот фокус е Македонија и, секако, најубавата општина за мене — Кисела Вода.

За мене, политиката не е само работа — таа е и лична одговорност.

Секој успех, секој чекор напред, е поттик да замислувам уште поамбициозни проекти и идеи за иднината.

Го гледам потенцијалот околу мене и тоа ме води кон следната фаза – уште посистематски да работам за подобрување на секојдневниот живот.

Имам сила, имам мотив и сакам да вложам уште повеќе енергија и посветеност таму каде што знам дека можам да придонесам најмногу, пишува Стаменкоска Трајкоска во својата објава.

To top