Свет Воена помош

Германија издвојува 500 милиони долари за американско оружје за Украина

– Ја поздравувам Германија што повторно презема водечка улога. Оваа испорака ќе ѝ помогне на Украина да се одбрани од руската агресија, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

Германија издвојува 500 милиони долари за американско оружје за Украина

Германија најави дека ќе обезбеди до 500 милиони долари за набавка на американска воена опрема за Украина, јави ДПА.

Министерството за одбрана и Министерството за надворешни работи во соопштение наведоа дека помошта ќе се координира преку НАТО-механизмот „Листа на приоритетни потреби на Украина“.

НАТО го надгледува доставувањето на оружјето за Украина купено во САД, а финансирањето доаѓа од европските партнери и Канада.

Според НАТО, помошта ќе опфати воена опрема која или не може да се произведе во Европа или може да се испорача побрзо од САД отколку од европските сојузници или Канада.

-Ја поздравувам Германија што повторно презема водечка улога. Оваа испорака ќе ѝ помогне на Украина да се одбрани од руската агресија, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

-Германија е најголемиот европски донатор на воена помош за Украина, а оваа најава уште еднаш ја потврдува нејзината посветеност за одбрана на слободата и суверенитетот на украинскиот народ, изјави Руте синоќа.  (МИА)

To top