Американскиот фудбалски играч Тревис Келс отворено проговори за почетокот на својата врска со пејачката Тејлор Свифт.
Имено, во „Шоуто на Пет Мекафи“, Келс рече дека се запознале неколку недели пред Тејлор да дојде на неговиот натпревар во септември минатата година.
„Се познававме околу еден месец во тој момент“, рече Келс.
Иако ја поканил на натпреварот само три дена претходно, Тејлор веднаш ја прифатила поканата. Келс нагласи колку многу му значи нејзината поддршка и поминувањето време со неговото семејство и пријателите на натпреварите.
„Ми се допаѓа кога Тејлор доаѓа, ме поддржува и ужива во играта. Беше неверојатна година, навистина не можев да предвидам дека ќе испадне вака“, призна тој.
Тој исто така откри дека планирал да ѝ подари на Тејлор нараквица за пријателство со неговиот број на неа за време на нејзиниот концерт во Канзас Сити.
„Ми беше жал што не можевме да разговараме пред или по шоуто бидејќи таа мора да внимава на својот глас, изведува 44 песни. Бев малку разочаран што не можев да ѝ ја дадам таа нараквица што ја направив специјално за неа“, му рече Тревис на својот брат во подкастот „Њу Хајтс“.