Познати

ФОТО: Бела Хадид без градник, манекенката се приклучи на трендот

ФОТО: Бела Хадид без градник, манекенката се приклучи на трендот

Американската манекенка од палестинско потекло, Бела Хадид, позираше без градник и со тоа се приклучи на трендот „без градник“, а ова модно издание го привлече вниманието на нејзините следбеници.

Таа беше фотографирана во плетен топ и панталони со низок струк. Сè повеќе дами се наклонуваат кон природниот изглед без градник како дел од движењето за позитивност на телото, односно безусловна љубов кон сопственото тело.

„Прекрасна си“, „Најубавата жена на светот“, „Природното е најдобро“, „Нема потреба од градник“, се некои од коментарите на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid)

Таа позираше насмеана држејќи го новиот парфем што го продава под нејзиниот бренд Orebella.

„Ви благодарам на сите што ми дадовте можност да го остварам мојот сон, не само кога станува збор за работа, туку и за креативност. Вие нè водите како бренд и ме водите во моето срце и душа. Многу сум благодарна“, изјави таа, меѓу другото.

To top