Познати Нетфликс

Чарли Шин и неговиот јавен пад поради дрогата: Ова е трејлерот за документарецот кој ќе ја открие цела вистина (ВИДЕО)

Филмот „Познат како Чарли Шин“ (aka Charlie Sheen) излегува на 10 септември – седум дена после 60. роденден.  

Чарли Шин и неговиот јавен пад поради дрогата: Ова е трејлерот за документарецот кој ќе ја открие цела вистина (ВИДЕО)

Озлогласениот јавен пад на американскиот глумец Чарли Шин од 2011 година, поттикнат од дрога, што водеше до негово отпуштање од хит-серијата „Два и пол мажи“ – оди на документарен филм. „Нетфликс“ го објави и првиот трејлер.

„По 7 трезни години, Чарли Шин отворено зборува за својот подем кон славата и падот пред очите на јавноста, заедно со семејството и пријателите кои споделуваат нераскажани приказни за неговото патување низ славата, борбите и искупувањето“, се вели во описот на ИМДБ.

Во документарецот се прикажани интервјуа со Шин и повеќемина од неговото опкружување. Меѓу нив се и Дениз Ричардс, Хајди Флајс, Џон Крајер, Шон Пен, Рамон Естевез, Брук Милер и Крис Такер, како и поранешниот дилер на Шин. Исто така, извршниот продуцент на „Два и пол мажи“, Чак Лоре – кој беше мета на многу напади од Шин – е меѓу интервјуираните.

Филмот „Познат како Чарли Шин“ (aka Charlie Sheen) излегува на 10 септември – седум дена после 60. роденден. (МИА)

To top