Македонија

На ГП „Табановце“ 15 минути чекање, на останатите премини нема подолги задржувања

На ГП „Табановце“ 15 минути чекање, на останатите премини нема подолги задржувања

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце“ времето на чекање за влез во државата е околу 15 минути, а на останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од земјава, информира АМСМ.

Воедно препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Според АМСМ, поради пожар во Националниот парк „Јасен“, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје е затворен за секаков вид возила. 

Најнови вести од Македонија

To top