Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Никола Митревски, се осврна ма подготовките на тимот за претстојното Европско првенство во Германија.
Нашите момчиња се вратија од Стара Пазова, а Митревски смета дека тренинзите се напорни, но атмосферата меѓу играчите е одлична и во добро расположение ќе го пречекаат почетокот на континенталниот собир.
„Овие осум-девет дена беа прилично напорни, трениравме со полн интензитет, но атмосферата е одлична и имаме позитивен тимски дух. Сите го даваат својот максимум и малку сме уморни, но секогаш наоѓаме време за релаксација, дружење и заеднички игри. Одигравме меч со , резултатот беше во втор план, но успеавме да дадеме многу голови и победивме. Иако ривалот беше без неколку важни играчи, сепак тие имаат многу поединци кои настапуваат во силни првенства. Одиме чекор по чекор кон Европското првенство“, изјави голманот на Порто.