Ви треба:
пилешко бело месо
2 дл млеко
1 дл вода
200 мл павлака
неколку лажици сирење
2 лажици брашно
бибер
сува билка зачини
масло
3-4 чешниња лук
Подготовка:
Исечете го белото месо на ленти и додадете ги зачините, ситно исечкан кромид и малку масло.
Оставете во фрижидер да отстои малку. Истурете го маслото во тава и ставете го месото и пржете го додека не добие златно-кафеава боја.
Извадете го месото на чинија и додадете го брашното во маслото во кое се пржело и пржете мешајќи, додадете ја водата и млекото, додадете ја павлаката и сирењето и оставете да крчка.
Вратете го месото повторно во тавата за да го впие сосот, зачинете и оставете да се готви уште малку.