Македонија ВМРО-ДПМНЕ

„Интересот на државата и земјоделците главен приоритет, со македонска пченица ќе се полнат државните стокови резерви“

„За време на владеење на СДС, стоковите резерви се полнеа со пченица купена од странство за 25% поскапа од берзанска, односно 27 денари по килограм, што беше за шест денари поскапо. А профитот, односно ќарот 100% од ваквите зделки, завршуваше кај посредниците, а сега целата добивка завршува директно кај македонскиот земјоделец“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Интересот на државата и земјоделците главен приоритет, со македонска пченица ќе се полнат државните стокови резерви“

Стоковите резерви на пченица се полнат со македонска пченица, откупена директно од македонските земјоделци. Државните резерви, со своите вредни и неуморни раце, ги полнат македонските земјоделци. Со одлука на Владата, 9.000 тони македонска пченица ќе се откупат за потребите на стоковите државни резерви, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Тоа ја покажува и потврдува вистинската грижа и посветеноста на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за интересот на државата и земјоделците. Наместо да се купува увозна, која како држава скапо ја преплаќавме, како што беше случај во време на власт на СДС и министер Љупчо Николовски, сега државните стокови резерви ги полни пченицата од македонските земјоделци. За време на владеење на СДС, стоковите резерви се полнеа со пченица купена од странство за 25% поскапа од берзанска, односно 27 денари по килограм, што беше за шест денари поскапо. А профитот, односно ќарот 100% од ваквите зделки, завршуваше кај посредниците, а сега целата добивка завршува директно кај македонскиот земјоделец, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа време заврши. Сега никој не заработува на грбот на другите, посебно на трудот на земјоделецот и на штета на државата“, се наведува во партиското соопштение.

Најнови вести од Македонија

To top