Кошарка Светски куп 2027 во Катар

Кошаркарската репрезентација пристигна во Орадеа

Кошаркарската репрезентација на Македонија од денеска е во Орадеа, Романија каде в среда го игра натпреварот од претквалификациите за Светскиот куп во Катар 2027. По двата пораза од Романија во Куманово и од Унгарија вчера во Солнок, станува јасно дека неискуството и грешките кои ривалите ги казнуваа ја донесоа Македонија во незавидна ситуација.

Стручниот штаб на нашата селекција, предводен од селекторот Марјна Илиевски се одлучи за мали промени во распоредот на активностите за време на престојот во овој романски град. Поради заморот во екипата, ќе има намален бројот на тренинзи, па така наместо двата утрешни тренинзи, ќе биде одработен еден „централен“, а според истиот план ќе се тренира и наредниот ден.

Планиран е и еден (утрински) тренинг, на денот на одигрување на натпреварот во Арената „Орадеа“. Инаку, натпреварот се игра на 13. август (среда), со почеток од 18.часот.

To top