Свет има и голем број на уапсени

Авганистанските безбедносни сили убиле десетици Таџикистанци и Пакистанци, тврди министерот за одбрана Муџахид

Авганистанските безбедносни сили убиле голем број Таџикистанци и Пакистанци и уапсиле десетици луѓе, наводно, вклучени во напади врз верски свештеници, граѓани и џамии, изјави денеска министерот за одбрана Мохамед Јакуб Муџахид.

Авганистанските безбедносни сили убиле десетици Таџикистанци и Пакистанци, тврди министерот за одбрана Муџахид

Тој на прес-конференција во Кабул рече дека десетици Таџикистанци и Пакистанци биле убиени во изминатата година „во операции на безбедносните сили“.

Тој додаде дека во тој период биле уапсени и голем број државјани на тие две земји кои биле инволвирани во различни инциденти.

Муџахид ги повика соседните земји во регионот да ја зајакнат контролата на нивните граници.

Тој додаде дека во изминатата година има намалување на нападите на припадниците на организацијата Исламска држава (ИД) за околу 90 отсто.

Најнови вести од Свет

To top