Македонија

Мицкоски: Слава за хероите од Карпалак, Македонија никогаш нема да ве заборави!

Нека нивната жртва биде аманет за идните генерации, дека слободата, мирот и достоинството се свети. Карпалак го паметиме како наша обврска, да изградиме држава во која нема да има место за омраза, за поделби, за неправди, и каде слободата на нашата татковина е неприкосновена, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски по повод 24 години од загинувањето на армиските резевисти кај Карпалак.

Мицкоски: Слава за хероите од Карпалак, Македонија никогаш нема да ве заборави!

Слава за хероите од Карпалак.

Нивното дело и пожртвуваност се памети, нивната храброст и одлучност се почитува.

Нека нивната жртва биде аманет за идните генерации, дека слободата, мирот и достоинството се свети.

Карпалак го паметиме како наша обврска, да изградиме држава во која нема да има место за омраза, за поделби, за неправди, и каде слободата на нашата татковина е неприкосновена.

Македонија никогаш нема да ве заборави!

Карпалак е рана, но и аманет, пишува Мицкоски во својата објава.

Најнови вести од Македонија

To top