Фудбал Рома

Гасперини: Еден месец работа е веќе многу, а гледајќи наназад, чувствувам дека сме направиле многу

Тренерот на Рома, Џанпјеро Гасперини се осврна на сработеното со тимот досега.

Гасперини: Еден месец работа е веќе многу, а гледајќи наназад, чувствувам дека сме направиле многу

Тренерот на Рома, Џанпјеро Гасперини се осврна на сработеното со тимот досега.

– Еден месец работа е веќе многу, а гледајќи наназад, чувствувам дека сме направиле многу. Ако гледам напред, имаме многу повеќе да направиме. Нашата цел е да стекнеме доверба, пред сè во очите на нашите навивачи, со надеж дека ќе бидат задоволни. Се надеваме дека ова ќе потрае што е можно помалку време, но ние сме амбициозен клуб и се надевам дека ќе докажеме дека сме на вистинскиот пат.
Мора да погледнеме што постигна Рома досега на трансфер пазарот, со голем број нови играчи, сите на возраст од околу 21-23 години, од кои некои веќе имаат искуство. Сопствениците на клубот ми се обратија да работам во оваа насока, изјави 67-годишниот Италијанец за „Скај Спорт Италија“.

На 23 август, во првото коло од Серија А во сезоната 2025/26, Рома ќе биде домаќин на Болоња.

To top