Македонија

Активен пожарот во село Неготино во Врапчиште, под контрола пожарот во валандовско Јосифово

Активен пожарот во село Неготино во Врапчиште, под контрола пожарот во валандовско Јосифово

Еден активен пожар, еден под контрола и еден изгаснат има вкупно пожари на отворен простор до 15 часот на територијата на државава.

Како што соопшти Центарот за управување со кризи, активен е пожарот во село Неготино, блиску до пругата, во општина Врапчиште, каде што гори ниска вегетација.

Под контрола е пожарот во валандовското село Јосифово каде што е зафатена ниска вегетација и лозови насади, а изгаснат е пожарот во село Цер, Кичевско, каде што е опожарена ниска вегетација.

Најнови вести од Македонија

To top