Македонија ПРОГРЕС

ФОТО: Интензивно се работи на изградба на автопатот Прилеп-Битола

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски на терен беше запознаен со моменталниот статус на изведба на градежните активности при што беше известен дека во моментов непречена работа е овозможена на должина од околу 11,5 км и се изведуваат градежни активности на 1 мост, 2 подпатника, 2 надпатника, 4 плочести пропусти и 22 цевасти пропусти.

ФОТО: Интензивно се работи на изградба на автопатот Прилеп-Битола

Интензивно се работи на изградбата на автопатот Прилеп-Битола во должина од околу 40 км кој е дел од Коридорот 10д и од проектот за изградба на четирите автопатски делници во изведба на американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски на терен беше запознаен со моменталниот статус на изведба на градежните активности при што беше известен дека во моментов непречена работа е овозможена на должина од околу 11,5 км и се изведуваат градежни активности на 1 мост, 2 подпатника, 2 надпатника, 4 плочести пропусти и 22 цевасти пропусти. На овие позиции работат околу 700 лица и се вклучени повеќе од 400 различни машини и механизација од изведувачот и од подизведувачите.

ЈП за државни патишта

-Инаку, во тек се земјените работи на дел од главната траса, се врши расчитување на вегетација, отстранување на хумусен слој, а на дел од главната траса отпочната е изведба на насипи. Досега се извршени ископувања на околу 660,000.00m³ земја, вградени се 350,000.00 m³ материјал за пополнување, произведени се 30,000.00 m³ бетон за завршување на бетонски работи на автопатската делница. Изграден е и камп за привремено сместување со капацитет за повеќе од 750 лица.

ЈП за државни патишта

Секоја работа на терен носи предизвици. Па така е и со оваа траса каде сè уште е во тек и процесот на отстранување и уништување на старите експлозивни направи на кои наидовме на дел од трасата, а за можните археолошки наоѓалишта од страна на надлежните институции обезбеден е повремен и постојан надзор на трасата. Во обата случаи, работите за изградба на патната делница на конкретните локации се запираат додека не се обезбедат соодветни потврди дека планираната траса е чиста и нема пречки за да се продолжат работите, информираат од претпријатието.

ЈП за државни патишта
ЈП за државни патишта

Финансиската конструкција за оваа делница од патната инфраструктура е проценета на 260 милиони евра според студијата за оправданост.

To top