Занимливости

ВИДЕО: Има 115 години и најдобар трик за долг и убав живот – „Секогаш велам да на сè“

ВИДЕО: Има 115 години и најдобар трик за долг и убав живот – „Секогаш велам да на сè“

Етел Катерхам од Англија неодамна беше прогласена за најстара жива личност на светот, а сега ги сподели своите совети за долг и исполнет живот – за кои вели дека се всушност прилично едноставни.

По смртта на бразилската калуѓерка Ина Канабаро Лукас (116), на 30 април, според Гинисовата книга на рекорди и организацијата LongeviQuest, која ги следи екстремно долговечните луѓе, Етел беше официјално прогласена за најстара личност на светот – на 115 години, пишува Пипл.

Етел живее во луксузниот дом за стари лица „Холмарк Лејквју“ во Сари, на југот на Англија, и кога ја прашале која е тајната на нејзината долговечност, таа одговорила:

„Никогаш не се расправам со никого, ги слушам другите и го правам она што го сакам.“

Во интервју за BBC Radio Surrey во 2020 година, кое го објави The Guardian, таа истакна дека отсекогаш го прифаќала животот таков каков што е – и добар и лош – без премногу да се вознемирува.

-Секогаш кажувај ДА на секоја можност, бидејќи никогаш не знаеш каде може да те однесе. Имањето позитивен став и умереноста во сè е клучот, вели Етел.

Етел Катерхам е родена на 12 август 1909 година во Англија, како претпоследно дете во семејство од осум деца. На само 18 години, таа патувала сама со брод до Индија, каде што работела како дадилка за британско семејство. Во 1933 година, се омажила за британски офицер, мајор Норман Катерхам, со кого живеела во Хонг Конг, каде што основала градинка и ги учела локалните и британските деца англиски јазик, ракотворби и игри.

Имала две ќерки, Џем и Ен, но и двете починале пред неа. Денес, таа има три внуци и пет правнуци, а деновите ги поминува во градината и слушајќи класична музика.

Интересно е што се верува дека Етел е последната жива личност во светот родена во 1909 година, но и најстарата личност што го преживеала COVID-19, која го преживеала во 2020 година – на 110 години.

Пред неа, титулата најстара личност ја држела калуѓерката Лукас од Бразил, а пред неа Јапонката Томико Итока. Апсолутниот светски рекорд сè уште го држи Жан-Луиз Калман од Франција, која живеела неверојатни 122 години и 164 дена – починала во 1997 година.

To top