Скопје

Костовски: Никола Божиновски е нов претседател на Советот на Општина Бутел, убеден сум дека ќе имаме одлична соработка

Костовски: Никола Божиновски е нов претседател на Советот на Општина Бутел, убеден сум дека ќе имаме одлична соработка

Д-р Никола е специјализант ЈЗУ Универзитетска Клиника. Никола живее во Бутел 2, пред се станува за добар млад човек. Тој добро ја познава душата на Општина Бутел, неколку години работеше и како матичен лекар во Бутел. Слободно можам да кажам дека беше исклучително омилен кај своите пациенти, објави градоначалникот Дарко Костовски.

Костовски за Божиновски вели дека е човек со изграден карактер, човек со интегритет, на посебен начин ја доживува Македонија, особено Општина Бутел.

– Нашата Општина може да се гордее со вакви квалитетни млади луѓе. Докторе, убеден сум дека ќе имаме одлична соработка, не чека многу работа, покажавме дека можеме и знаеме. Тек допрва доаѓаат најголемите работи. Искрено сакам да му се заблагодарам на досегашниот претседател на совет д-р Игор Никилов за одличната соработка. Тој веќе е избран за амбасадор во Р. Франција. Честитки, објави Костовски.

To top