Познати

ВИДЕО: По гласините за развод, Ештон Качер и Мила Кунис фатени во луда забава на концерт на „Бекстрит Бојс“

ВИДЕО: По гласините за развод, Ештон Качер и Мила Кунис фатени во луда забава на концерт на „Бекстрит Бојс“

Еден од најпопуларните холивудски парови, Ештон Качер и Мила Кунис, го привлекоа вниманието на концертот на „Бекстрит Бојс“, одржан во „Сфера“ во Лас Вегас.

Во видео кое кружи на социјалните мрежи, парот може да се види како танцува на култниот хит „I Want It That Way“, разменувајќи нежност и изгледајќи опуштено и насмеано.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by People Magazine (@people)

Видеото набрзо стана вирално, а реакциите на обожавателите беа поделени – додека некои изразија воодушевување и истакнаа колку заљубени и среќни изгледаат, други коментираа за нивното присуство во контекст на претходни контроверзии.

Во април оваа година, парот се соочи со гласини за развод откако се појавија фотографии направени во Беверли Хилс, каде парот изгледаше нерасположен.

To top