Свет Мир

Рубио и Жан-Ноел Баро разговараа за мировниот договор меѓу Ерменија и Азербејџан

Државниот секретар на САД, Марко Рубио и францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ноел Баро телефонски разговараа за мировниот договор меѓу Ерменија и Азербејџан, како и за други клучни меѓународни прашања, објави ерменска новинска агенција.

„Двајцата ја потврдија својата посветеност на спречување на Иран да развива или стекнува нуклеарно оружје. Во разговорот беше опфатена и хуманитарната криза во Газа и напорите за постигнување прекин на огнот, завршувањето на војната во Украина, постигнувањето одржлив мир меѓу Ерменија и Азербејџан и конфликтот во Судан“, соопшти американскиот Стејт департмент.

Телефонскиот повик се одржа во услови на непотврдени медиумски извештаи дека американскиот претседател Доналд Трамп се подготвува да ги прими лидерите на Ерменија и Азербејџан во Вашингтон оваа недела. Засега нема официјален коментар од Ереван за ова прашање.

To top