По котлините и понатаму ќе има појава на магла со променлив интензитет и пониски дневни температури.
Во вторник и среда ќе има повремен локален дожд, а ќе дува и слаб, во западните делови умерен ветер од југозападен правец.
Максималните температури идната недела ќе се движат од 14 до 16 степени.