Македонија ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Кога ќе те фатат – пееш што ќе ти кажат: Таравари во скутот на Ахмети

– Арбен Таравари уште еднаш го покажа своето вистинско лице, човек кој до скоро јавно го фалеше Христијан Мицкоски и соработуваше со него, денес неосновано го напаѓа, само затоа што е уценет и мора да ја пее песната на Али Ахмети.

ВМРО-ДПМНЕ: Кога ќе те фатат – пееш што ќе ти кажат: Таравари во скутот на Ахмети

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

„Арбен Таравари уште еднаш го покажа своето вистинско лице, човек кој до скоро јавно го фалеше Христијан Мицкоски и соработуваше со него, денес неосновано го напаѓа, само затоа што е уценет и мора да ја пее песната на Али Ахмети.

Не му пречеше Мицкоски додека беше во Владата. Напротив, тогаш зборуваше за неговата искреност, капацитет и посветеност. Но, одеднаш, кога го притиснаа со некои папки и му дојдоа некои потсетници, реши дека полесно е да се стави во службата на ДУИ и да стане нивен гласноговорник.

Иако не го поддржуваме неговото однесување, можеме да го разбереме: кога еднаш ќе си дозволиш да бидеш фатен, тогаш мораш да ја играш туѓата игра. Како и некои функционери на СДС и градоначалничката на Скопје, сега и Таравари е ставен во непријатниот скут на Ахмети, ама очигледно, кога ќе се намести убаво, скутот не му пречи.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

На крај, воопшто нема да не изненади ако Таравари реши да се преименува во „Али“, само за да му покаже на својот нов газда колку добро е дисциплиниран.

Но, виновникот не е Ахмети, туку самиот Таравари, кој од човек со кредибилитет стана симбол за политичко понижување.

Народот гледа сè.

А на крајот, секој ќе си го добие заслуженото.“

Најнови вести од Македонија

To top