Марија Балабан, девојката на Стефан Ѓуриќ – Раста, се огласи на социјалната мрежа Инстаграм два дена откако нејзиното момче беше уапсено во Македонија за поседување наркотици.
– Стефан Ѓуриќ Раста беше ослободен од краток административен притвор во Македонија, која, со целосна соработка, брзо беше прекинат. Раста продолжува со своите активности без запирање. Им благодариме на фановите во Македонија за нивната голема поддршка, разбирање и трпение. Искрено се надеваме дека наскоро ќе има можност за ново собирање. Стефан лично ќе се обрати на јавноста кога ќе дојде време. Ги молиме медиумите за одговорно известување и им благодариме на сите за нивното разбирање и поддршка. Ваша Балкатон Банда, пишува во соопштението на неговиот тим, кое и таа го сподели.

Стефан Ѓуриќ Раста беше уапсен на 2 август во Македонија.
Како што објавија медиумите, Раста тргнал на стадионот каде што требало да настапи пред македонската публика, но потоа бил уапсен.