Свет Потребно е итно отворање на премините

Во Газа денеска влегле само 36 камиони со хуманитарна помош, потребни се најмалку 600

Во соопштението се повикува на итно отворање на премините, како и на влез на доволно количество помош и млеко за новороденчиња, а најостро се осудува продолжувањето на злосторствата со изгладнување.

Во Газа денеска влегле само 36 камиони со хуманитарна помош, потребни се најмалку 600

Во Газа денеска влегле само 36 камиони со хуманитарна помош, предупредија палестинските власти, истакнувајќи дека се потребни најмалку 600 камиони со помош дневно и оти потребите на населението се влошуваат.

Според информациите од канцеларијата за медиуми на палестинската влада во Газа, поголемиот дел од хуманитарната помош е ограбена и украдена „како резултат на безбедносниот хаос што израелската окупација систематски и намерно го продлабочува“, пренесува Скај њуз.

Во соопштението се повикува на итно отворање на премините, како и на влез на доволно количество помош и млеко за новороденчиња, а најостро се осудува продолжувањето на злосторствата со изгладнување. (МИА)

To top