Македонија ДЗС

Словенечкиот тим од 61 пожарникар заминува од Македонија, утре чешкиот „Блек Хок“

Информираат дека утре ќе замине и чешкиот хеликоптер „Блек Хок“ со седумчлениот екипаж.

Словенечкиот тим од 61 пожарникар заминува од Македонија, утре чешкиот „Блек Хок“

Дирекцијата за заштита и спасување информира дека денеска заминува словенечкиот тим од 61 пожарникар кои со 18 возила беа ангажирани во гаснењето на пожарот на планината Готен.

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов им се заблагодарил за помошта од име на македонската Влада и македонските граѓани и им доделил благодарници.

Информираат дека утре ќе замине и чешкиот хеликоптер „Блек Хок“ со седумчлениот екипаж. (МИА)

Најнови вести од Македонија

To top