Свет Ургентен болнички центар

Поранешниот претседател на Романија е во критична здравствена состојба

Илиеску (95) беше примен во болница на почетокот на јуни, годинава. Лекарите соопштија дека има рак на белите дроноби.

Поранешниот претседател на Романија е во критична здравствена состојба

Општата здравствена состојба на поранешниот претседател на Романија, Јон Илиеску, стаба во критична бидејќи неговите органи постепено откажуваат, соопшти денеска Клиничкиот ургентен болнички центар „Проф. д-р Агрипа Јонеску“, каде што се лекува Илиеску.

Во соопштението објавено на Фејсбук се наведува дека состојбата на Илиеску се влошила до критична поради напредувањето на повеќекратни дисфункции на органи, со сериозно оштетување на дишењето и значително намален капацитет на белите дробови.

Илиеску е под максимална интензивна нега и под надзор на мултидисциплинарен медицински тим.

Илиеску (95) беше примен во болница на почетокот на јуни, годинава. Лекарите соопштија дека има рак на белите дроноби.

Јон Илиеску беше претседател на Романија од 1990 до 1996 година, како и од 2000 до 2004 година. Тој беше едно од клучните лица во Романската револуција во 1989 година, која доведе до соборување од власт на Николае Чаушеску и неговата егзекуција.

Во последните години, Јон Илиеску не се појавуваше во јавност, но објавуваше пораки на својот блог. Последната таква порака е од 19 мај, во која му честита на Никушор Дан за неговиот избор за актуелен претседател. (МИА)

To top