Занимливости Во Твинсбург, САД

Почнува најголемиот меѓународен собир на близнаци во светот

Почнува најголемиот меѓународен собир на близнаци во светот

Во Твинсбург, Охајо, САД, денеска ќе почне „Твинс дејс фестивал“ (Twins Days Festival) – најголемиот меѓународен собир на близнаци во светот, којшто ќе трае до 3 август. Овогодишните „Денови на близнаците“ се јубилеен 50-ти годишен собир.

„Оваа година, Ве покануваме да ја доживеете магијата на минатите фестивали, облекувајќи се во Вашата омилена тема од минатите години. Без разлика дали ги сакате кул-вибрациите од 60-тите и 70-тите, чудниот шарм на бајките, живописните бои на карневалите или суперхероите, сакаме да ја видиме Вашата креативност како блеснува! Затоа, соберете го Вашиот близнак и изберете тема што ви се допаѓа на двајцата – ајде да ја направиме оваа наша 50. прослава незаборавна! Се гледаме таму, со двојно поголема забава!“, се вели во поканата.

Инаку, минатогодишниот настан е запишан како „Најголем годишен собир на близнаци во светот“ во Гинисовата книга на рекорди.

To top