Дел од Радишани е без вода за пиење од девет часот, информираат од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.
Како што појаснуваат, причината е уличен дефект на улицата „1“, чии корисници ќе бидат со прекин во водоснабдувањето до санирање на дефектот.